Во гостиварската бoлницa е отворена просторија за мoлeње на исламските верници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вработените во болницата во Гостивар кои се од муслиманска вероисповест ќе може да се молат и да ги изведуваат своите верски обичаи во посебни простории во болницата. Директорот Јакуп Јакупи вели дека иницијативата дошла од вработените и пациентите, а просториите биле опремени со донации од активисти.

„Станува збор за неискористени простории на петти спрат во болницата и иницијативата е од активисти, граѓани, вработени и пациенти. Иницијативата не е од наша страна, ние не вложуваме ништо, имаше активисти кои го реновираа просторот и тоа ќе биде простор за молитви, каде што ќе можат и пациентите и вработените односно кој сака ќе може да оди, да се помоли и да се врати на работа“ – вели Јакуп Јакупи – директор на ОБ Гостивар.

На ова реагираше докторката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ, која што прашува дали ова треба да е приоритет на болницата и дали сите останати потреби за лекување на пациентите и за персоналот се задоволени. Дополнително вели останува дилемата дали е оправдано за време на работа да се извршуваат верски ритуали.

„Апсолутно не ми пречи тоа доколку ете така си одлучиле, но дајте тогаш нека има простор и за другите и за останатите вери, па ете и за пациентите, не само за вработените, но дилемата ми е дали вработените тоа ќе го прават и во време кога ќе треба да опслужат некој пациент, итен случај итн. Дали не е поприоритено лифтовите да се поправат или да се реновираат интензивните одделенија, сето тоа е прашање на менаџирањето“ – рече Стојановска.

Од Министерството за здравство пак велат дека Министерството дава единствено дозволи за вршење на здравствена дејност, а дека Општата болница Гостивар не се обратила до Министерството.

Соопштението од болницата, кое го сподели пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска на нејзиниот Фејсбук профил веднаш предизвика поларизација на социјалните мрежи.

Праксата за пристап до верски катчиња во болниците не е непозната во земјава. Приватните здравствени установи за своите пациенти и вработени обезбедуваат простории за пристап на припадниците на различни верски заедници.

Во скопскиот Клинички центар покрај клиниката за Ендокринологија исто има место за молење за исламските верници уште од времето на министерувањето на Бујар Османи, додека во дворот има направено црквичка.

Во случајот со гостиварската болница сепак јасно е дека нема дозвола од Министерството за здравство, а доколку овој тренд продолжи, прашање е дали е во духот на уставната секуларност на државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This