ВО ДАНСКА И НЕ Е СЕ ТАКА РОЗЕВО: Фасцинацијата на Тевдовски со Данска, ја урива Македонската економија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Фасцинацијата на министерот за финансии Драган Тевдовски со Данска, по која доби и надимак, може да е дел од проблемот со се полошите параметри во економијата смета екс-помошник министерот во МВР и аналитичар Наталија Ивчева

 

Според Ивчева, позади розевите приказни кои се кажуваат за економскиот ситем на Данска, се кријат и податоци кои и не се така популарни, а кои можеме да ги почувствуваме и на сопствена кожа по поставувањето на Тевдовски за министер за финансии.

„ Што се однесува до катастрофалната економска ситуација во Македонија, сетете се дека министерот за финансии е фасциниран од системот во Данска.

Оттука, не можете да очекувате и поволна економска ситуација за граѓаните.

Зошто?

Настрана од популарното верување дека во Данска се е перфектно, економијата цвета и граѓаните се презадоволни, никој не кажува каква е на пример даночната политика.

Еве неколку примери:

Во Данска има систем на бесплатно здравство и високо образование, но имаат и еден од највисоките даноци во светот.

Земаат плата од 25 на час, но државата зема најголем дел од приходите на граѓаните.

Данска е најсреќна земја на светот, но по чии мерења?

И малку бројки.

Данокот во Данска за луѓе кои заработуваат повеќе од 55.000 евра годишно е 60%.

Електричната енергија е меѓу најскапите во светот, со цел да се „поттикне“ намалена потрошувачка.

Нафтените деривати и горивата се три пати поскапи од Европскиот просек.

Плаќаат околу 180% од вредноста на автомобилот кој го регистрираат. (ако се чудевте зошто масовно се возат велосипеди)

Оттука, и Тевдовски, понесен од примерите во Данска, ги воведува истите трошоци како во нордискиот „рај“, но приходите се сѐ помали.“ – пишува Ивчева на својот ФБ профил.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This