April 24, 2024, 11:50 am

Во друштво на Шерифовиќ: Огнен Здравкоски сподели како се подготвува за вториот круг на „Ѕвездите на Гранд“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во новата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ има неколку македонски претставници, некои од нив се од претходната сезона, а некои се нови лица.

Така, во првиот круг настапуваа Огнен Здравкоски, Адам Лабунски, Стефан Величковски, Филип Пецовски…

Според новите правила на продукцијата, секој кандидат има по еден ментор кој ќе треба да го советува кандидатот и да го насочува во неговото пеење.

Огнен Здравкоски во првиот круг се претстави одлично, а Марија Шерифовиќ веднаш го препозна и прифати да му биде ментор.

Бидејќи полека наближува крајот на првиот круг, а наскоро ќе треба да започнат снимањата на вториот, кандидатите полека започнаа да се подготвуваат.

Имено, деновиве Огнен е во Белград каде што заедно со Шерифовиќ ги прават финалните подготовки за следниот настап.
Здравкоски на социјалните мрежи сподели фотографија од атмосферата, а што ќе го советува Марија и како ќе се претстави во вториот круг останува да видиме.
Извор:вистина.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This