На африканскиот континент има фабрика која отпадот го претвора во зелена енергија, чиста вода и тули за градење. Фабриката Reppie Facility е лоцирана во Етиопија и согорува 1.400 тони отпад дневно. Со енергијата што се добива притоа се снабдуваат 25% од домаќинствата во главниот град Адис Абеба, односно речиси 3 милиони луѓе.
Истовремено, ќе се отворат стотици работни места. Долги години Коше била единствената депонија во Адис Абеба, но како што растел градот растела и депонијата се додека не достигнала површина од 36 фудбалски игралишта. Илјадници луѓе претурале по депонијата, честопати во опаcни услови. Во 2017 година се случи лизгање на земјиште на депонијата, кое у би 114 луѓе.
Новата фабрика ќе го согорува отпадот и ќе го направи Коше побезбедно место за сите. Процесот на претворање на отпадот во енергија е многу едноставен. Отпадот се согорува во посебна комора. Со топлината која се добива се загрева вода, а пареата која се ослободува ја придвижува турбината на генератор кој создава струја.
Но, фабриката нема да произведува само струја. Од пепелта која ќе останува по горењето ќе се произведуваат 3 милиони тули, а ќе се добиваат и 30 милиони литри чиста вода. Сопствениците на фабриката велат дека претворањето на јаглерод диоксидот од градот во енергија е еднакво на засадување 900.000 дрвја годишно.
Фабриката ја изгради младиот Самуел Алемајеху, еден од членовите на Групата млади глобални лидери на Светскиот економски форум во 2018 година.