ВО ЕУ И НАТО НЕ СЕ ОДИ СО КОРУПЦИЈА: ВМРО-ДПМНЕ бара да се поништи огласот за испитните центри и да се распише нов кој ќе биде транспарентен и јавен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ по веќе разработена шема доделува милионски бизниси на ново формирани фирми,  декласирајќи компании со децениско искуство, само затоа што не се блиски со Зоран Заев и со криминалниот картел, истакна Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Доделувањето на лиценци за испитни центри за спроведување на теоретско и практично тестирање за спроведување на возачки испити фрла сомнеж на однапред договорена работа. И „Авто испитен центар“ – Скопје, на 26 годишниот Виктор Серафимов, кој што ја доби лиценцата за спроведување на тестирања на територија на Скопје како и фирмата на Стојан Иванов, другар на Заев која ја доби лиценцата за спроведување на тестирања во Струмица се ново формирани фирми, без претходно искуство во областа, со тајминг на формирање кој индицира дека истите исклучиво се формирани да учествуваат на огласот, а впрочем и истиот да го добијат, рече Ѓорѓиевски и додаде:

„Овие две фирми формирани непосредно пред да се јават на огласот, со потпис на Спасовски ќе имаат ексклузивно право да вршат теоретско и практично тестирање во наредните 5 години и да бидат единствен субјект кој ќе врши теоретско и практично тестирање за добивање на возачки дозволи на територија на Скопје и Струмица, а впрочем и од нив ќе зависи дали некој ќе добие или не возачка дозвола. Ова е преседан и сомнителен случај кој индицира на однапред договорена зделка. Никаде во државите со пазарно ориентирано стопанство, во ЕУ  и НАТО, лиценца за вршење на работи од  кои зависи дали некој ќе добие или пак нема да добие некоја јавна исправа не добива фирма без искуство во областа“.

Овие огласи, подвлекува тој, мора да се поништат и да се распише нов повик за доделување на лиценци, на кој повик условите ќе бидат транспарентни, а начинот на кој се врши бодувањето и изборот јавно достапни, бидејќи се работи за работа од јавен интерес.

-Да зборуваш дека се стремиш кон ЕУ и НАТО, а секојдневно да делиш милионски бизниси на тазе формирани фирми е измама на сопствениот народ и криминал во најмала рака. Во ЕУ и НАТО не се оди со криминал, во ЕУ и НАТО не се оди со непрофесионалност, нестручност и неодговорност. СДСМ во изминативе  15 месеци покажа дека освен со сомнителни бизнис шеми и криминал не знае и нема идеја како да ја води државата. СДСМ мора да си замине час поскоро, пред да и нанесе преголема штета на нашата држава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This