April 26, 2024, 12:44 pm

(Во живо)ВРИЕ ОД ОБЕЗБЕДУВАЊЕ И ОРУЖЈЕ ВО СОБРАНИЕТО: Последни говори и дебати пред гласањето – Груевски и Заев ќе се обратат пред полноќ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Првата забелешка ја упати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски кој побара во собраниските простории да се редуцира присуството на лица од обезбедувањето, а кои имаат со себе оружје поставено на видливи места

Со остри дофрлања, критикувања, но и пофални зборови за кандидатите за нова влада почна последниот дел од маратонската дводневна седница во македонското собрание на која се дискутира за предложените кандидати и за предложената програма на новиот владин состав.

Првата забелешка ја упати пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски кој побара во собраниските простории да се редуцира присуството на лица од обезбедувањето, а кои имаат со себе оружје поставено на видливи места. Димовски побара присуството на овие лица да биде подискретно.


Сепак, од страна на претседателот на Собранието, Талат Џафери, таквата забелешка беше отфрлена како незначајна за дебатата за избор на новата влада.

Засилено полициско присуство има и надвор од собраниската зграда. Околу целиот Законодавен дом се распоредени полициски сили.

Свое обраќање, непосредно пред гласањето вечерва, се очекува да има и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Неговото обраќање е предвидено за во 23 часот.

После тоа се очекува пратениците да пристапат кон гласање за предложените кандидати за новиот владин кабинет, а чиј мандатар е Зоран Заев.


Во Собранието има и голем број гости, а се очекува за време на заклетвата на новата влада да присуствуваат претставници и од дипломатските претставништва во земјава. Владата треба да биде избрана до вечерва на полноќ.

Во живо: Собраниска седница за избор на Владa

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This