April 20, 2024, 12:33 pm

(Во живо)НАРОДОТ НАШ Е ПИРЕЈ: Народот наш е пиреј, кој се исправа на нозе тогаш кога е најтешко и најпотребно!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова се историски мигови за нашата татковина, ова се моменти кога е потребна сила, одговорност, одлучност. Ова е времето на третата генерација, која учеше од првата и растеше со втората, која стои исправено пред предизвиците на Македонија и на нашите сограѓани.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на вечерашниот масовен протест пред македонската Влада, каде се собраа над 50.000 граѓани.

-Ајде да покажеме колку ни е силата. Ајде да покажеме колку ја сакаме Македонија. Ајде сите заедно да одговориме достојно на предизвиците и да кажеме гласно и јасно дека чашата е прелиена, доста е, вака повеќе не може, вака веќе не смее. Драги браќа и сестри, земјаци, комшии, пријатели. Ве има толку многу, исправени пред неправдите, горди пред обидите за понижувања, решителни пред налетите да не скршат. Мислеа дека нема да излезе народ, не прогонуваа, кога се закануваа дека ќе бркаат од работа сакаа да ве премислат, кога сакаа да не понижат сакаа да се исплашите, разбегате. Но еве не, еве не тука, побројни и посилни, народот наш е пиреј, кој се исправа на нозе тогаш кога е најтешко, и тогаш кога е најпотребно, порача Мицкоски.

Тој го цитираше и Гоце Делчев: „Секоја слобода која е подарена е всушност ново ропство“.

-И да знаете, секоја власт што е подарена кратко трае. И еве тука вие, и тие од домовите, кои не се тука со нас но срцето им трепери, знаат дека Македонија ни се одзема и полека губи, и сакаат сето ова да престане. Од сите страни на нашата Македонија, од сите населени места пораката е една и единствена Доста е, порача Мицкоски.

 

 

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/1576916105764567/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This