(Во живо)ПРЕГОВОРИТЕ СЕПАК НЕ ЗАПРЕЛЕ КАЈ СЈО: СДСМ со Законот за јазици прифати се што ние како ВМРО-ДПМНЕ не прифаќавме!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екс премиерот Никола Груевски откри каде запреле преговорите за составување на Влада во 2016-17-та година кога тој на чело на ВМРО-ДПМНЕ преговарале со ДУИ. Сепак преговорите не запреле кај СЈО туку кај двојазичноста, односно ДУИ не сакале да формираат влада повторно со ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи Груевски не  сакал да прифати двојазичност, односно сегашниот Закон кој СДСМ веќе и го спроведува. Тој напоменува дека за друго со Ахмети речиси и да не преговарал, односно 90 проценти од времето се говорело за Законот за јазици.

 

-Не ваков закон каков што СДСМ прифати не сме прифатиле, во преговорите. Во онаа верзија која што ние ја договоривме со ДУИ ниту парите, на парите требаше да има двојазичност, ниту на униформите ниту на еден куп други работи. Практично нашите преговори со ДУИ  беа преговори за Законот за јазици. Друго многу малку преговаравме. 90 посто од преговорите во декември, јануари 2016-17-та  беа поврзани со Законот за јазиците односно со финеси негови. Ние во тие преговори многу од работите кои што ги отфрливме подоцна СДСМ ги прифати. Од она што се сеќавам знам дека беше двојазичноста на унифромите, знам дека беше двојазичноста на парите, на денарите и уште неколку други работи не се сеќавам. Се гледавме да биде во рамките на Уставот затоа што овој Закон сега е неуставен.

 

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/1746749932137734/

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This