(Во живо)ПРОТЕСТИ ПРЕД СЕДИШТЕТО НА ЕУ ВО СКОПЈЕ: Вевчанци на протест против промена на името!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со патриотски песни и ора, со силни пораки денес се одржува протест пред Канцеларијата на ЕУ во Скопје.

Организатор на протестот е Вевчанскиот кризен штаб при Граѓанското движење – Акција за правда.

„Почитувани,
Вевчанскиот кризен штаб како стожер на Граѓанската акција за правда, ги известува сите слободоумни и слободарски определени граѓани и граѓанки на Македонија дека на 1.2.2018 година (четврток), со почеток во 12.00 часот, ќе одржи граѓански протест пред Канцеларијара на Европската унија (ЕУ), во Скопје.

Целта е да ѝ се покаже на целокупната јавност, како и на сите инволвирани институции, партии и организации дека во 21. век, во демократска Македонија постои институционално, испланирано и организирано и најподло газење на основните човекови права и слободи на невини граѓани и граѓанки, кои, спротивно на сите закони и начела, се притворени заради настаните од 27.4.2017 година.

Ги повикуваме сите добронамерници независно од нивната етничка или политичка припадност да се придружат во одбрана на правдата и Уставот кои беа урнисани со притворање на нашите браќа и сестри.

Агендата за овој ден започнува во 8 часот, кога колона на автобуси и возила организирано ќе се упати кон Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, како собирно место за сите поддржувачи на овој настан од сите краишта на Македонија.

Колоната од возила и народ, во достоинствена атмосфера, потоа, во 11.30 часот ќе се упати по булеварот „Свети Климент Охридски“ кон Канцеларијата на ЕУ, каде во 12 часот ќе започне официјалниот дел од овој народен собир.

На настанот, после интонирањето на химната на Република Македонија, пред насобраниот народ, ќе се обратат поголем број на истакнати личности.

Ова е само првиот чекор!
Вистинската битката за слободата и за правдата започнува на овој народен протест и таа ќе трае сѐ додека не се одбранат правдата и уставот на Македонија.

Да покажеме граѓанска солидарност и гордост кога на други луѓе им се газат слободите и правата пред такво слично нешто да им биде сторено на некои други, односно на целата држава.

Вевчани доби многу битки низ историјата! Убедени сме дека ќе биде добиена и оваа!

За сите следни потези сѐ до победоносниот крај на оваа голгота, благовремено ќе го информираме народот на Македонија.

Приклучете се!
Со почит,
„Вевчански кризен штаб”“ – стои во повикот на граѓанското движење.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This