March 28, 2024, 12:36 pm

(Во живо)РЕКА ОД НАРОД ПРЕД ВЛАДА: Од Влада до пред стоковна куќа „Мост“ – десетици илјади граѓани на протести пред Влада!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Голем број граѓани веќе се собраа пред Владата уште пред почетокот на протестот. Граѓани од сите страни на Македонија пристигнуваат во главниот град да го изразат своето незадоволство од работата на Владата предводена од премиерот Зоран Заев.

Булеварот пред Владата на Република Македонија веќе е исполнет, а граѓани се уште пристигнуваат.

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски, во гостувањето на вестите на телевизија Алфа кажа дека очекува голем број граѓани да дојдат на протестот, не само од Скопје, туку и од многу други градови и места од Република Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во гостувањето во вестите на Канал 5 телевизија повика што е можно повеќе граѓани да дојдат вечерва пред Владата и да се приклучат на антивладиниот собир за, како што рече, што поскоро да се урне оваа ненародна власт и да дојдат достојни политичари кои достоинствено ќе се заложат за одбрана на интересите на граѓаните.

Многу работи се полоши, но не е суштината да компарираме со минатото, суштината е како да грабиме напред кон иднината, како да ја развиваме нашата татковина. Тоа е суштината на еден политичар. Ако ние останеме заковани длабоко во минатото тогаш ќе не можеме да ја гледаме иднината, истакна пред почетокот на големиот антивладин протест, преетседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој гостуваше во вестите на Канал 5.

Тој рече дека Македонија има убедливо најлоша економија во 2017 година во цела Европа.

-Имаме држава каде премиерот ги претскажува судските пресуди, тоа значи класично руинирање на пресумпцијата на невиност и судскиот систем. Имаме отсуство на било какви реформи, имаме ветување кои не се исполнети, имаме очекување кои се нереализирани, имаме катастрофална година која ја одбележа владеењето на СДСМ предводена од Зоран Заев и министрите во неговата влада, нагласи Мицкоски.

Во врска со анкетите кои пред некој ден се појавија на национален медиум, Мицкоски вели дека нема да ја коментира содржината на анкетата.

-Ние исто така го мериме расположението на граѓаните. Мислам дека резултатите се дијаметрано спротивни од она што беше презентирано, но да оставиме времето да покаже. Нашата анкета е народот на Република Македонија, а Зоран Заев нека го потчукнуваат по рамото анкети кои се објавуваат на одреден национален медиум, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This