(Во живо)СЕ „ТОПИ“ ПОДДРШКАТА ЗА ГЛАСАЊЕ НА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ: Не повеќе од 60-тина гласови обезбедил Заев – ниту Мухиќ нема да гласа!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште 60-тина пратеници се пријавени за дебата за предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија поднесен од Владата. Гласањето за дневниот ред, но и досегашните дебати и реплики, не покажуваат дека Заев успеал да обезбеди 80 пратенички гласови – пренесува „Република.мк“

Само 71 пратеник, оние кои и пред почетокот на кампањата се изјаснија дека го подржуваат референдумот, гласаа за отворање на седницата. Иако се најавуваше дека е обезбеден и гласот на Ферид Мухиќ, независниот пратеник од владеачката коалиција, не гласаше за дневниот ред за собраниската седница за уставни измени во согласност со Договорот од Преспа.

За збор се пријавени и други пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за кои се шпекулираше дека нема да го почитуваат партискиот став и ќе гласаат за измени во Уставот. Со ова се помали се шансите за обезбедување на двотретинско мнозинство за поддршка на амандманите на Уставот, иако од мнозинството убедуваат дека шансите се уште постојат. Се очекува ВМРО-ДПМНЕ да се позиционира по понудата на Заев за политичко помирување за настаните на 27 април.

Во моментов продолжи седницата по паузата од еден час.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This