March 29, 2024, 10:43 am

(Во живо)ТУРСКАТА АРМИЈА ВЛЕЗЕ ВО СИРИЈА: Турција ја започна офанзивата во сириски Африн со тенкови, авиони и пешадија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турскиот премиер Бинали Јилдирим потврди дека копнената операција на сирискиот фронт во Африн е започната

„Копнената операција во Африн започна во 9 часот и 5 минути по централноевропско време“, изјави Јилдирим, пренесува телевизијата НТВ.

Тој додава дека офанзиата започнала од областа Гулбабе во провинцијата Килис. Турскиот премиер истакна дека Анкара ја спроведува операцијата во сириски Африн за да направи безбедносна зона и да ја исчисти од терористи.

„Операцијата ќе се спроведува во четири фази за да се направи безбедносна зона од 30 километри, која ќе биде исчистена од терористи“, пренесува телевизијата.

Јилдирим додава дека во овој момент нема жртви и ранети меѓу турските војници.

Турскиот премиер додава дека Анкара со посредство на Москва го одржува контактот со Дамаск во врска со операциајта во АФрин.

„Со сирискиот режим контактираме преку Русија. Слободната сириска армија заедно со нашите единици влезе во Африн. Русија нема приговор на операцијата, а загриженоста на Иран ја отстрануваме“, истакна Јудирим.

Тој додава дека Анкара исто така одржува директен контакт со Дамаск на „пониско ниво“.

https://www.youtube.com/watch?v=D5Iv2MJOtg8

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This