(Во живо)ХАОС ВО МАНЧЕСТЕР: Терористички напад во Манчестер – 19 убиени, 50 повредени при експлозија на бомба на полн стадион!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најмалку 19 лица се убиени, а 50 повредени во експлозија која се случила рано утрината на концерт на американската пејачка Аријана Гранде. Според изјавите на сведоците прво се слушнале експлозиите, а потоа и истрели од огнено оружје. Итните служби и полицијата се на местото на настанот. Хеликоптер постојано го надлетува тој дел на Манчестер. Според зборовите на пејачката, таа е добро

mancester_bomba2

На концертот имало околу 20.000 љуѓе, главно деца и млади. Британската полиција ја третира експлозијата во Манчестер арената, како можен терористички инцидент, јавува Би-би-Си. Подоцна и премиерката Тереза Меј се јави со порака дека всушнсот се работи за монструозен терористички чин.

Полициските извори од Британија иСАД за Би-Би-Си њуз изјавиле дека најверојатно биле две експлозии, и дека засега не е јасно што е причината за истите. Освен овие, имало и една контролирана експлозија.

mancester_bomba

Стотици луѓе во паника почнале да го напуштаат концертот во западниот дел на Англија, откако, според зборовите на сведоците се слушнале експлозии и пукање, објавуваат британските медиуми.
Кетрин Мекфарлен, која присуствувала на концертот на американската пејачка за Ројтерс изјавила дека почувствувала „силна експлозија“ додека ја напуштала арената.

„Тргнавме да излегуваме, и кога бевме кај вратата оденка снажна експлозија и сите почнаа да врескаат“, изјавила Мекфарлен за Ротерс.
Таа тврди дека експлозијата била силна и можела да се почувстува како „удар в гради“.

„Беше хаотично. Сите започнаа да врескаат и да бегаат и само се обидуваа да избегаат“, навела Мекфарлен.
Според зборовите на луѓето кои биле на концертот, наводната експлозија одекнала кога Аријана Гранде ја отпеала последната песна на концертот.


Дваесетгодишната Ерин Мекдагл од Њукасл вели дека на крајот на концертот се слушнала гласна експлозија, како и дека светлата биле вклучени, па знаеле дека тоа не е дел од концертот. Според нејзините зборови, имало многу чад.

„Гардијан“ пренесува и изјави на луѓе кои во халата виделе крвави луѓе, како и дека припадниците на оезбедувањето изнесувале повредени.

Полицијата повикува луѓето да го избегнуваат тоа подрачје.
На видео снимката која се појави на Твитер се гледаат фановите во арената како бегаат и врескаат, а Ројтерс не можеше веднаш да ги потврди наодите на социјалните мрежи.

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This