(Во живо) Во тубите имало масло кое нe се зaпaлило: Прес-конференција на бугарското обвинитeлcтво – Водечката верзија е човечка гpeшка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Водечка верзија за инцидентот на автопатот Струма, во кој загинаа 45 лица и други седуммина се повредени, се работи за човечка грешка.

Ова на брифинг го изјави директорот на Националната истражна служба Борислав Сарафов.

„Се шират верзии дека превезувале туби за гориво и тоа се причините за пожарот. Оваа верзија е истражена, но категорично отфрлена од наша страна. На местото на настанот се пронајдени туби . Во нив има само остатоци од масло. Тие
биле полни и не се запалиле – односно пожарот не настанал од нив“, објасни Сарафов.

Тој исто така беше категоричен дека ова не е терористички чин.

Досега имам изброено најмалку 15-20 очевидци на инцидентот на автопатот Струма. Сакам да ги расчистам сите овие дезинформации со објективно презентирани податоци“, коментира тој.

„За случајот сослушани се двајца од патниците во автобусот, кои биле будни во
моментот на инцидентот и дадоа исклучително прецизно сведочење за настаните во
трагичната ноќ. И двајцата обезбедуваат објективни информации, испитани независно еден од друг. Нивните сведочења целосно се преклопуваат, што ние го прифаќаме како апсолутно веродостојни и правилно претставени“, објасни Сарафов.

Во моментов на распит се уште две од жртвите во Пирогов, кои се во добра здравстена и ментална состојба со оглед на доживеаниот шок.

За предметот се одредени вештачења, дел од заклучоците се веќе готови. Готови се и обдукциите.

Тие покажуваат дека сите жртви починале главно од задушување како последица на пожарот, а не од повреди во несреќата или повреди од експлозија“, објасни Сарафов.

Тим истражители и обвинители утре заминуваат за Скопје. Утре ќе ги добијат подготвените ДНК профили од роднини на загинатите. По нивното добивање, ДНК профилите кои се земени и може да се споредат од нашите лекари по судска медицина и на тој начин може да се идентификуваат имињата на жртвите. Телата потоа ќе бидат транспортирани во Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This