April 24, 2024, 11:51 am

(Во живо) Дpaматични обраќања – He можеме да издржиме повеќе: Србите од Косово на состанок со Вучиќ и целото раководство на војската

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со присуство на медиумите започна средбата помеѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претставниците на Србите во Косово и Метохија.

Вучиќ рече дека е подготвен да ги слуша Србите, и дека на крајот ќе одговори на се што имаат да кажат.

Тој посочи дека сака да се обиде да постигне договор што да прави во следниот период.

Тој го праша раководството на Српската листа, која побара присуство на медиумите, дали се присутни сите медиуми.

„Ќе ве слушам колку што е потребно, ќе одговорам на се“, рече Вучиќ.
Горан Ракиќ, шефот на Српската листа, рече дека побарал медиумите да бидат присутни, сите опозициски и провладини, за да ја слушнат вистината, да слушнат од луѓето што беа нападнати утрово и од оние што беа застрелани.

„Не можам да го разберам пукањето на луѓе со голи раце“, истакна Ракиќ.

Претставниците на Српската листа рекоа дека ситуацијата на Косово и Метохија повеќе не може да се издржи и побараа помош од државниот врв.

Видеото погледнете го тука.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This