(Во живо) Мицкоски: Честита независност Македонија, да си ни жива, здрава, и вековита

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Битола организираше прослава на 8 Септември – Денот на независноста. Централниот дел од прославата на ВМРО-ДПМНЕ се одржа во 19 часот на плоштадот Магнолија во Битола каде свое обраќање имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој упати честитка по повод празникот.

„Добровечер за градот на конзулите, жив сведок за нашата борба за своја држава. Битола како огниште кое раѓаше синови и ќерки за слободата на нашата татковина. Битола, како најдоброто од Македонија. Денес, на овој „Осми септември“, од Магнолија, преку Широк сокак, до Пелистер, и подалеку, имам една порака. Честита независност, Македонија. Честита независност Македонија, да си ни жива, здрава, и вековита. Ти благодарам за сѐ што даде и прости ни за сѐ што не направивме, а можевме да направиме. Нашата земја е нашиот храм во кој веруваме. Затоа што Македонија е повеќе од само држава. Таа е емоција, нашите успеси, нашето страдање, но и нашата судбина. Знам и поорганизирани и поразвиени држави од нашата, но само Македонија е во нашите срца. Незаменлива болка, и незаменлива среќа, постојана борба“, порача Мицкоски од Битола

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This