(Во живо) Пандов: Македонија нема судство, ние сега имаме судство на Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во вечерашната емисија „Прашањето ми е следно“ на Инфомакс гостуваше Александар Пандов, претседателот на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ каде што истакна дека Македонија како држава во очите на сите релевантни институции паѓа, паѓа и довербата во институциите и во судството.
„Македонија како држава во очите на сите релевантни институции паѓа, паѓа и довербата во институциите во самата Македонија.

Дури и граѓаните не веруваат во институциите. Но на власта тоа не им е важно. На власта единствено им е важно да вршат и да го држат под притисок ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Пандов, претседател на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ.

Пандов додаде дека власта преку своите инсталации во судството врши терор и притисок врз своите неистомисленици, и нормално поради тоа во Македонија владее хибриден режим. Поради власта Македонија добива негативни извештаи од меѓународни институции.

„Немаме судство. Ние имаме сега судство на Заев. Се закануваа пред да дојдат на власт дека ќе имало ветинг дека ќе имало тотален реизбор на сите судии, им земаа страв и судиите и судат онака како што ќе им јави. Дали тој, дали некој адвокат негов дали Маричиќ или Љупчо Николовски кој и да е. Но апсолутно ние гледаме дека во Македонија, гледај какви злоупотреби Зоран Заев направи тој е човек кој што нема душа едноставно, кој што во буквална смисла гази преку лешеви за да дојде до сопствената цел.

Мене ми е грав да говорам за Никола Младенов па има фамилија тој човек има сопруга. Беше злоупотребен и случајот Мартин Нешковски, беше злоупотребена Тамара, беше злоупотребено смилковско езеро и случајот Монструм. Нема нешто што го зборуваше Зоран Заев а што излезе дека е така и дека е вистина“ истакна Пандов.

Проследете го гостувањето на следниот линк:

„Прашањето ми е следно….“, деветта епизода, прва сезона Гостин: Александар Пандов

„Прашањето ми е следно….“, деветта епизода, прва сезона Гостин: Александар Пандов

Posted by infomax.mk on Thursday, February 4, 2021

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This