ВО ЖИВО: Поддршка на патриотите неправедно обвинети за тероризам

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/930768733790466/

Започна мирниот јавен собир и протест пред Основниот суд Скопје 1 за поддршка на патриотите обвинети за тероризам за настаните од 27 април 2017 година.

Обвинети се и ќе бидат судени уметници, парламентарци, полицајци, сите големи ПАТРИОТИ кои ја бранеа Македонија на 27 април 2017 година. Тоа е голем обвинителско-судски срам, срам на векот. ПАТРИОТИ се обвинуваат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Борбата за вистината за Македонија не е тероризам. Молчењето, на политичарите од Република Македонија и на дипломатските претставници на меѓународната заедница во Македонија, за неправдата што им се прави на ПАТРИОТИТЕ е срамно. Мораме на сите нив и на обвинителско-судските послушници да им покажеме дека таму каде има репресии вистината е најмоќното оружје. Оружје против сите лаги, невистини, исконструирани политички и полициски прогони и местенки.

Поддршка на нашите ПАТРИОТИ и револт против политичко-полициската харанга насочена против неправедно обвинетите ПАТРИОТИ, како и против обвинителско-судската неправда што им се нанесува.

Битката на Дурловски, Јовановски, Дамовски, Илиевски, Мукоски, Василевски, Арнаудов, Димовски, Тарчуловски, Јане Ченто, Југ, Анѓеловски, Пешов, Чавков, Лазарови останатите обвинети патриоти, е и наша битка. Битка за СЛОБОДА, ПРАВДА, и битка за ВИСТИНАТАза тоа ШТО ТОЧНО се случи на 27 април 2017 година.
ДА СВЕТНЕ СОНЦЕ СРЕДЕ МРАК – 4 ИЛИНДЕН – ЗА МАКЕДОНИЈА!
Комитет за одбрана на дигнитетот на неправедно обвинетите патриоти (КОДНОП)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This