(Во живо)CУДOТ Е РАКОВОДЕН ОД СЈО: Јанева е член на СДСМ, а СЈО е под навигација директно од Зоран Заев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како една од клучните причини за наводите за политички прогон во Македонија и причината поради која тој лично побарал азил, Никола Груевски го наведе СЈО. Тој потенцира дека cyдовите во Македонија се под целосна контрола на СЈО, притоа додавајќи дека Катица Јанева е член на СДСМ и не може да очекува тој лично, а и другите обвинети од ВМРО-ДПМНЕ фер процес на судење.

-Ситуацијата е катастрофална. Мислам дека полоша не може да биде. Имаме ситуација во која што cyдот е раководен од политичарите од власта. Cyдот е раководен од СЈО кое што пак е во директна спрега со СДСМ. СДСМ и СЈО можете да ставите знак на равенство. Прво затоа што, првиот човек на СЈО се испостави отпосле за жал. Откако веќе беше поставена дека е член на СДСМ со членска карта. Нејзината членска карта дојде во нашите раце. Тоа не го знаевме да го знаевме таман работа. Членската карта и излезе во медиумите, се пронајдоа сметките преку кој што госпоѓа Јанева плаќала чланарина на својата партија. И тие излегоа во јавноста, но излегоа во време кога веќе не можевме ништо да направиме. Законот за СЈО се носи со двотретинско мнозинство и не можеше ништо да се промени.

Груевски понатаму говори како главниот навигатор во Oбвинителcтвото на Јанева е токму СДСМ, притоа споменувајќи некои странски центри на моќ. Во даден момент вели тој СЈО се однесувало како огранок на СДСМ, сите одлуки ги носеле во координација со Бихаќка и биле целосно контролирани од таму.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This