(Во живо)XAOC BO ATИHA: Демонстрантите се cудpиja со полицијата поради Преспанскиот договор – извикуваат „Македонија е грчка“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Десетици илјади Грци се собраа на протестот против Договорот од Преспа во Атина.

Полицијата во еден момент фрли солзавец, кога демонстрантите се обидоа да пристапат кон скалите пред парламентот, извикувајќи „Македонија е грчка“.

Ова беше еден од најголемите протести во Грција во врска со спорот за името со Македонија, но грчките медиуми објавија дека очекуваната бројка од 600.000 луѓе ни оддалеку не беше постигната. Организаторите најавуваа дека од северна Грција ќе пристигнат 3.000 автобуси, но според полицијата, до 14 часот по локално време, околу 300 автобуси влегоа во градот, како и 60 од правецот на Пелопонез.

Меѓу оние кои се обратија на протестот беа поранешниот грчки премиер Алексис Самарас и претставниците на грчко-американската заедница и на Грчката православна црква од Атос.

Откако грчкиот парламент во средата ѝ изгласа доверба на владата на Алексис Ципрас, се очекува следната недела таму да помине и Договорот од Преспа, како следниот чекор во нормализирањето на односите со Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This