ВО ИЗМИНАТОТО ДЕНОНОЌИЕ: За време на кaрaнтинoт пpивeдeни 79 лицa, 126 не ја почитувале зaбрaнaтa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Утрово во 05 часот заврши мерката за ограничување на движењето на граѓаните кое започна во неделата во 11 часот. Благодарност до граѓаните кои ги почитуваат мерките и со своето однесување придонесуваат да се спречи ширењето на коронавирусот.

Во текот на изминатото деноноќие од страна на министерството за внатрешни работи констатирано е дека:

По однос на забраната за движење на ниво на целата држава 126 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 79 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

На територијата на државата, според евидентираните податоци, на 68 лица им се издадени решенија за изолација, а 19 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициските службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.

По однос на уредбата за носење на лична заштита на лицето на целата територија на државата констатирани се вкупно 18 прекршоци.

Во државен карантин се спроведени 20 лица.

Утрово во 05 часот заврши мерката за ограничување на движењето на граѓаните кое започна во неделата во 11 часот….

Posted by Наќе Чулев on Monday, May 25, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This