Во Израел ce пoдгoтвyвaaт зa чeтвpти избopи зa двe гoдини

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Предлогот, инициран од опозицијата, се очекува да помине првото читање во среда, но ќе бидат потребни уште три читања за да стане законска одлука.

Ганц, кој според претходниот договор за коалиција треба да ротира како премиер со Нетанјаху, во изјавата за телевизијата рече дека сегашниот премиер Бенјамин Нетанјаху одлучил „да го вовлече Израел во избори со спречување на усвојувањето на буџетот“.

Владејачката коалиција формирана во мај среде кризата предизвикана од ковид-19 е обележана со неединство, особено меѓу двете ривалски партии, Синиот и белиот сојуз на Ганц и Ликуд на Нетанјаху.

Членовите на коалицијата со месеци расправаат околу усвојувањето на државниот буџет.

Договорот за коалиција предвидува дека владата мора да донесе двегодишен буџет, додека Нетанјаху бара тој да биде усвоен за само една година, наведувајќи ја како причина кризата со ковид-19.

Ликуд, пак, ги од обвинува Сино-белиот сојуз за кршење на некои други аспекти на договорот за коалиција.

Ганц, кој треба да ја преземе премиерската функција во ноември 2021 година според договорот со Нетанјаху, се плаши дека долгогодишниот премиер на Ликуд сака да ги искористи несогласувањата за распуштање на владата пред Ганц да добие шанса да ја преземе функцијата.

Аналитичарите велат дека Нетанјаху сака предвремени избори, но не сега.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This