April 24, 2024, 12:05 am

Во Кина се пojaви нов пocмртнocен виpyc од Koвид 19- cмpтнocта е 30 проценти, се пренecува од чoвeк на човек?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Како коронавирусот да не беше доволно, сега кинеските лекари предупредуваат дека на граѓаните им се заканува уште еден вирус. Инфекцијата се пренесува преку крлежи, но би можела да се пренесува и меѓу луѓето, тврдат експертите.

Со СФТС вирусот оваа година се заразени околу 60 луѓе во кинеските провинции Жиангсу и Анхуи, а од нив седум починаа.

Симптомите на потенцијално смртоносната инфекција вклучуваат температура, кашлица, замор, мачнина и повраќање, како и пад на количината на бели крвни зрнца. Првите случаи се пријавени во руралните делови на провинциите Хубеи и Хенан уште во 2009 година, додека кинеските виролози го изолирале неговиот патоген во 2011 година.

Моментално, стапката на смртоносност за оваа болест која повторно се појави изнесува меѓу 16 и 30 отсто, како што тврди кинескиот информациски систем за контрола и превенција на болеста.

– Иако инфекцијата се пренесува пред се преку крлежи, пренесувањето од човек на човек не може да биде исклучено, рекла Шенг Јифанг, докторка од болницата на Универзитетот Џеџанг, за Глобал Тајмс, објаснувајќи притоа дека вирусот може да се пренесе преку крвта или телесните течности.

Од епидемијата на истиот вирус, во Јапонија и Јужна Кореја во 2015 година смртонста беше поголема од 30 отсто во двете земји. Познато е дека вирусот е посебно штетен за постарите лица или лицата со ослабен имунолошки систем.

Лекарите исто така предупредуваат дека убодот од крлеж е начин за пренесување не само на оваа болест, туку и на многу други. Но лекарите исто така велат дека нема причина за паника, но дека луѓето треба да бидат внимателни.

Во 2018 година Светската здравствена организација го додала СФТС на својата листа на болести кои имаат приоритет за истражување, со еболата, САРС и зика. Тоа се вируси издвоени заради големиот потенцијал на предизвикување итни случаи меѓу голем број на луѓе, но и заради недостаток на лекови или вакцини против нив.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This