Во Куманово се вклучува Apмиjaта: Целосно пополнети кaпацитетите за Koвид 19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Инфективната болница во Куманово со недели 18-те кревети се целосно исполнети.

Неколку метри до болницата, армијата од утрово гради нова, монтажна болница.

Оваа нова монтажна и инфективната клиника не се единствени во Куманово. Од понеделникот и одделението за психијатрија прима ковид пациенти. Но, и тоа е целосно исполнето.

„Не смееме да сметаме само на клиниките. Самиот транспорт е голем проблем за заболените. Тие се со компромитирано дишење и треба во момент да се реагира. Повеќето клиники имаат услови како што имаме ние, ние праќаме потешки пациенти во тешка состојба. Поголем проблем е персоналот, од денеска ни доаѓаат на помоши специјализанти од Крива Паланка“, посочи Снежана Захариева.

Во моментов 67 пациенти се хоспитализирани во Куманово.

Со последната одлука на претседателот на државата, Армијата се вклучува во процесот на справување со коронавирусот.

„Има различни задачи, да обезбедува медицинска поддршка со медицински сили и тоа го прави во текот на целата криза. Воедно медицинскиот центар отстапува еден дел од својот персонал за земање на брисеви или епидемиолошки анализи“, посочи Радмила Шекеринска.

Армијата ќе даде и поддршка на други институции во делот на транспорт и складирање на медицински материјал, но не и директно обезбедување.

Најверојатно еден дел од поранешни професионални војници кои се уште работат во министерството за одбрана и тие ќе бидат вклучени во првата линија на поддршка.

Извор: ТВ21

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This