Во Маврово изутринава измерени -12 степени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најстудено изутринава беше во Маврово каде се измерени – 12 степени. Во Лазарополе и Крушево температурата беше – 9, во Ѓуриште – 8, во Пожаране -7, Тополчани – 6, Берово -5 Берово и Крива Паланка, во Дебар, Прилеп и Претор – 4, во Битола, Куманово и Охрид -3, во Скопје, Петровец,  Штип, Виница, Демир Капија и Тетово – 2, во Скопје и Струмица -1, во Дојран 0 и во Гевгелија 1 степен.

timthumb

Најголема снежна покривка има во Маврово – 24 сантиметри, во Демир Капија 16, во Крива Паланка 15 сантиметри, во Берово и Тополчани 14, во Ѓуриште 13, во Крушево и Битола 9, во Штип 8, во Лазарополе и Виница 6, во Прилеп и Пожаране 4, во Претор 3 и во Струмица 1 сантиметар.

Во изминатите 24 часа најмногу дожд наврна во Демир Капија 24 литри на метар квадратен, во Берово и Крива Паланка 8 и во Битола 7 литри.

Времето утрово е променливо облачно со умерен, на места засилен северен ветер.

Денеска времето ќе биде сончево и студено со умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер. Попладне ветерот ќе ја намали брзината. Максималната температура ќе се движи од -2 до 5 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност и со умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 3 степени.

Времето утре ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се движи од -11 до – 4, а дневната од 0 до 7 степени.

Во наредните денови следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури, особено утре, кога на повисоките места ќе се спуштат и под -10 степени. Дневните температри до петок ќе бидат во благ пораст. Во деновите од викендот ќе има услови за слаби локални врнежи од дожд и снег.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This