ВО МАКЕДОНИЈА ИМА МЕСТО ЗА СИТЕ: Мицкоски со честитка по повод Меѓународниот ден на Ромите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во честитката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ се вели дека Република Македонија е наша заедничка држава, земјата на нашите предци и земјата на нашите деца и внуци затоа посветено и со заеднички сили треба напорно да работиме и во периодот кој што следува.


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на сите припадници на ромската етничка заедница, им го честита Меѓународниот ден на Ромите, 8-ми Април.

-Придонесот на ромската заедница во културниот, политичкиот и економскиот живот исклучително се цени од страна на Република Македонија и ВМРО-ДПМНЕ. Подобрувањето на економскиот стандард на граѓаните, вклучително и на припадниците на ромската заедница, ќе остане врвен приоритет за ВМРО-ДПМНЕ. На овој начин ќе придонесеме во иднина општествениот статус на ромите да биде унапреден се со цел подобрување на сегашноста но и на иднината на ромите во Република Македонија, се вели во честитката на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ до ромската заедница.

Во честитката на Мицкоски се вели дека Република Македонија е наша заедничка држава, земјата на нашите предци и земјата на нашите деца и внуци затоа посветено и со заеднички сили треба напорно да работиме и во периодот кој што следува.

-Ние секогаш сме се гордееле на нашето мултиетничко и мултикултурно општество кое заедно со многу труд и мака сме го граделе. Во Македонија има место за сите за Македонците, Ромите, Албанците, Турците, Србите, Власите, Бошњаци и сите останати. Ние мораме овој модел на заеднички живот по секоја цена да го одбраниме, да се залагаме но и да го одржиме за идните генерации, се вели во честитката.

Мицкоски во честитката вели дека мултиетничкиот карактер на нашата Македонија не смее да биде загрозен зошто на тој начин ни се загрозува иднината но и опстанокот.

-Затоа мораме сите заедно да застанеме и гордо со крената глава да се спротивставиме на секоја намера да се загрози унитарниот и мултиетничкиот карактер на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на ромската заедница им посакува добро празнично расположение, многу здравје, љубов, успех и благосостојба во Вашите семејства. Нека Ви е честит 8 април – Меѓународниот ден на Ромите!, се вели во честитката од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This