March 29, 2024, 12:13 pm

(Видео) Во Македонија може да биде следен и прислушкуван секој еден граѓанин

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

  Ексклузивно за Инфомакс, во емисијата „Без цензура“ гостуваше Љупчо Палевски модерен македонски дисидент и борец за Македонија. Палевски е човекот кој ја разоткри мега аферата „Атлантик“, афера која е поврзана со нелегално следење на комуникациите на политичките неистомисленици на власта. Според него со актуелната политичка и безбедносно разунавачка консталација секој еден граѓанин може да се најде на мета на власта, да биде следен, прислушкуван и против него да се креираат монтировки кои потсетуваат на они од времето на поранешна Југославија и работата на  „УДБА“.

-Не се работи само за пред референдумот, тоа е начин технологија, систем кој што буквално контролира цело општество. Повеќето од интелектуалата во Македонија е во директна спрега и во нивна корист. Се работи со внимателно разработена шема да се злоупотреби комплетната законска постапка која е наводно реформирана. Буквално станува збор за злоупотреба на сите Јустинијански норми во Законот што се и во самата судска процедура, на начин што нивни соработници за потребите на било кој проект почнуваат да делуваат по сценарио кое што тие ќе го подготват. Два-тројца луѓе може да зборуваат за оружје за некакви намери, тоа е доволна нарачана индиција за нив да отидат во обвинителство и да поднесат барање за ПИ-мерки. Понатака кога ќе се отвори таа истрага во овој случај за тероризам и македонски екстремизам, понатаму многу е лесно да ја шириш истрагата кога е веќе отворена и кого да вклучиш во таа истрага што се случило во овој предмет Атлантик. На тој начин можете било кого да вклучите во таа предистрага и да го поврзете со тој проект. И тогаш можете вие стотици луѓе да ги прислушувате, пресретнете нивните комуникации, вели Палевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This