ВО МАКЕДОНИЈА ПОСЛЕДНИВЕ МЕСЕЦИ , СЕКОЈ ДЕН СО НОВИ ТРАГЕДИИ:Момче се удави утрово во Охридското езеро

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Младо момче од Тетово претпладнево се удави во Охридското езеро во водите кај т.н. Машка плажа, потврдија за Алсат од МВР.

Полицијата и нуркачки тимови сè уште не го нашле неговото тело и потрагата трае.

Неофицијално, настанот се случил нешто после пладне, а засега не се знаат причините за трагедијата.

Момчето било на педалинка со женско лице. Од полицијата коментираат дека тоа во еден момент скокнало во водата за да плива, но повеќе не се појавило на површината. Настанот се случил на 400 метри од брегот. Во тој дел езерото е длабоко со темно дно, коментираат од спасувачките тимови. Во моментов неколку лица го пребаруваат дното.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This