ВО МАКЕДОНИЈА РАСТЕ БРОЈОТ НА ВРАБОТЕНИ А СИРОМАШНИ: Како преживуваат овие Македонци до следна плата?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Македонија има и вработени кои се сиромашни и не можат да ги задоволат основните потреби.

Стапката на сиромашни вработени лица е 9%, објави Државниот завод за статистика за 2017 година.

 


„Кај мене во фабрика има работници кои земаат 200 евра плата и секако дека не се задоволни. Кој може да опстане со 200 евра? Во Скопје со тие пари нема шанси да се преживее, но во внатрешноста луѓето се снаоѓаат, работат плус нешто друго за да опстанат, работат ниви. Сакаат и тие повисока плата, но проблемот е што немаат образование соодветно и не можат да одговорат на работните задачи. Друга работа е што кај нас системот не функционира, и затоа сме доведени во ваква ситуација“, вели Горан А. од внатрешноста на Македонија.

Девојка од Куманово вели дека работи за минималец и со тие пари не може човек да си дозволи многу.

„Може работник со минималец да си дозволи само основно, па дури и да му недостигаат пари и за тоа. Од оние луѓе кои работат за минималец и кои јас ги познавам, не се бунат, едноставно има и такви на кои им е сеедно, и работат колку да не седат дома“, објаснува таа.

Билјана Дуковска од Македонската платформа против сиромаштија, вели дека вработенo сиромашнo лице може да биде она кое заработува помалку од сумата дефинирана со линијата на сиромаштија или ако неговиот приход е единствен и се дели во повеќебројно семејство, па тие повторно живеат со помалку пари од дефинираната линија на сиромаштија.

 

„На пример, во пракса тоа би значело дека во едно побројно семејство има само еден вработен со минимална плата. Иако висината на платите е главен проблем, не е единствен, па статистиката алармира и на голем процент навработено и неактивно население што во контекст на семејства е многу важен фактор. За дополнување, вработените на кратки договори, честото менување на работни места и работење со скратено работно време исто така ја надополнуваат сликата за вработени сиромашни. Кога зборуваме за тоа дали бројката на вработени сиромашни е загрижувачка, многу е поважно што таа носи и крие зад себе. Поимот ниска плата подразбира дека не сте во можност целосно да ги покриете основните потреби, па оттука се прави тежок избор кои основни трошоци први да се платат. Сиромаштијата кај вработените често води до преголема задолженост, бидејќи платите не се доволни за покривање на основните трошоци за живеење, со себе носи нарушено здравје, детска сиромаштија, сиромаштија во храна, па дури и дополнително работење на црно без никакви работнички права“, додава Дуковска.

Според неа, бројката на сиромашни вработени во Македонија е загрижувачка.

 

Извор: Фактор.мк

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This