ВО МАКЕДОНИЈА СЕ Е МОЖНО: Минатогодишниот конкурс за култура беше скандалозен, а за сегашниот е повеќе од скандалозен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На вечерашна емисија „Отворено на Алфа“ гостуваше Љубиша Кировски, претседател на Сојуз на музички уметници кој говореше за скандалите кои го потресоа самото министерство за култура. Тој дури нагласи дека во оваа држава се е можно. Веќе ништо не го изненадува.

-Почеток на крајот беше наговестен веќе од минатата година. Од минатогодишниот конкурс за култура кој што излезе со прошлиот министер за култура Алаѓозовски. Кој што во најмала рака беше скандалозен, а за сегашниот е повеќе од скандалозен, нагласи Кировски.

Кировски рече дека ова случување што со излегувањето на оваа катастрофална годишна програма, воопшто него лично не го изненадува. Искрено дури и очекувал. Затоа што ако надлежните институции тоа го решеа минатата година немаше да се случи оваа година. Никој не одговара во оваа држава за ништо.

-Секое нечесно дело сторено мора да биде казнето. Треба да се има критериум, треба да се има ниво. Треба на правите места да бидат ставени прави луѓе, вистински со кредибилитет., со достоинство, интегритет, кои што си ја знаат својата работа. И која што навистина ќе знаат да излезат во костец со проблемите кои што се наталожени во културата. Од минатата година па навака би требало министерството да се крсти министерство за некултура, а не за култура, посочи Кировски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This