ВО МОМЕНТОВ: Заседава Централниот одбор на СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изборот на претседатели на комисиите како помoшни тела на СДСМ ќе биде дomинатна тема на денешниот состанок на Централниот одбор на владејачката партија. Изборот на потпретседатели не е на дневниот ред, изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев пред почетокот на седницата на Централниот одбор во партиското седиште во Скопје.

-Доминатна е изборот на претседатели на комисиите како пomошни тела. Тоа се стручните тела на СДСМ, извршниот одбор ги утврди, а сега согласно статутот на партијата мора да ги утврдиме и на Централниот одбор, потоа следува нивно доекипирање, рече Заев.

Тој најави дека денеска на Централниот одбор ќе биде соопштен и изборот на новата координаторка на Форумот на жени на СДСМ, а ќе се дискутира и за актуелните политички случувања, како и за идните теренски активности како подоготвка на партијата за претстојниот период.

Запрашан дали на денешниот состанок на Централниот одбор на дневен ред е и изборот на потпретседателите на партијата, Заев рече дека сеуште немаат одлука за тоа и затоа тоа и нема да биде тема на Централниот одбор.

Седницата на ЦО на владејачката СДСМ се одржува непосредно пред лидерската средба која премиерот и лидер на партијата Заев ја закажа за утре.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This