ВО НАТО СО РУСКО ГОРИВО: Руската нафтена компанија „Лукоил“ доби тендер од 650.000 евра во министерство за одбрана

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Руската државна компанија „ЛУКОИЛ“, го доби тендерот за да ја снабдува Армијата на Република Македонија (АРМ) со гориво.

Министерството за одбрана, предводено од министерката Радмила Шекеринска, за годинава одвои околу 45 милиони денари или околу 650.000 евра за набавка на гориво за армиските возила.

Со овие пари ќе се набавува Еуросупер БС 95 и Еуроедизел БС за сите возила во касарните низ државата.

Компанијата „ЛУКОИЛ“ е државна компанија во која единствен сопственик е Руската Федерација. Македонија е држава аспирант за членство во НАТО – алијанса која во изминатите неколку години е во постојан анимозитет со Русија – која пак јавно се противи на члениувањето на Македонија во НАТО и бара земјата да остане воено неутрална.

Рускиот претсдедател Владимир Путин, кој од западните партнери на Македонија е оквалификуван како автократ, според многумина, ги контролира конците во оваа државна компанија која ја користи за ширење на своето политичко влијание во светот.

Ова не е прв пат за потребите на АРМ да се набавува гориво од втората најголема руска државна компанија после Газпром.

ДОКУМЕНТ: ДОГОВОР ЗА НАБАВКА ПОМЕЃУ МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА И ЛУКОИЛ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This