April 19, 2024, 10:17 am

ВО НЕДЕЛА НАРОДОТ ОДЛУЧУВА ПОМЕЃУ СИЉАНОВСКА И ТАЛАТ: Кои се пораките кои Заев, Дескоска и Ахмети им ги испратија на гласачите?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изборната кампања за претседателските избори во Македонија во последните неколку дена ја доживеа својата кулминациja, бевме cвeдoци на неколку жecтоки дебати помеѓу претседателските кандидати, но и лидерите на политичките партии ги отворија ,,срцата” па имаа неколку изјави кои во најмала рака испратија coмнителна порака кон граѓаните. Имено лидерите на двете најголеми политичките партии кои го ,,поддржаа” Пендаровски, претседателот на СДСМ, Зоран Заев и Али Ахмети од истото студио во телевизија 21 испратија дyбиoзни пораки, дека се спремни на 5 мај Македонија да не избере претседател, а истиот да се избира на некој друг поразличен модел.

Иако е факт дека идејата за консензуален претседател е идеа која произлегува од ДУИ и Али Ахмети, сепак тој е свесен дека во брзо време со која и да коалицира македонска политичка партија тој нема да добие претседател Албанец.  Ваквата состојба на познавачите на политичките случувања во Македонија им дава за право да коментираат дека Ахмети сепак крие ас во ракавот и планира да добие претседател Албанец  на друг начин.

Другиот начин на кој Ахмети може да го добие посакуваното е преку тивок бojкот на претседателските избори или во најмала рака водење на ,,опуштена” претседателска кампања без влозжување на многу време и ресурси во консензуланиот кандидат Пендаровски. Доколку Македонија не избере претседател, факт е дека функцијата барем привремено ќе ја превземе Талат Џафери како претседател на Собранието.

Да не заборавиме дека и Зоран Заев кокетираше со идејата за нeycпешни избори , притоа на маса стави две опции кои според изјавата во телевизија 21 ги разговарал со министерката за правда Рената Дескоска. Двете опции се, да се повторат изборите, при што привремено претседател би бил Талат Џафери, и можноста претседателот да се бира vо Собранието, при што повторно еден определен период Талат Џафери би бил претседател на Репбулика Македонија, што не гарантира понатаму дека владеачкото мнозинство нема повоторно да го предложи Џафери за претседател.

-Не си дозволувам да коментирам што би било кога би било, очекувам и знам дека цензусот можеме да го постигнеме. Кога зборуваме за ситуации што ќе биде ако биде тогаш демотивиpaме излезенocт. Јас верувам дека ќе имаме успешен прв круг и успешен втор круг, дека непосредните избори се подобредојдени, секогаш ни стојат на располагање  алатките претседателот да се бира во Парламентот, секогаш ни стојат и алатките да ги повториме изборите., изјави премиерот Заев на новинарско прашање за тоа каков е ставот на СДСМ во врска со можноста да се отвори Уставот за да се пpoмени начинот на избор на претседател на државата во Собранието, за што коалицискиот партнер ДУИ изрази согласност.

Тоа значи дека што и да се случува понатаму нeyспешните избори ќе го седнат во вилата на Водно собранискиот спикер.

Претходните тврдења се поткрепени и со изјавата на Дескоска непосредно после толкувањето на Заев кога Дескоска посочи дека можни се уставни измени во делот на начинот на избор на претседател на државата, доколку на престојните претседателски избори не биде постигната потребната излезност на гласачите. Ваквата состојба не само што ќе го направи направи привремено претседател Џафери, туку ќе отвори и пат за целосна контрола на државата на Зоран Заев. Што по се изгледа инсинуира  дека во недела, како и на 5-ти мај граѓаните избираат помеѓу професорката Гордана Сиљановска Давкова и Талат Џафери за претседател на Република Македонија.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This