April 24, 2024, 12:08 pm

Во недостиг на медицински персонал: Сестрите од срeдното медицинско училиште на помош во kовид центрите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во тек се консултации за да се утврди дали медицинските сестри од четврта година во средното медицинско училиште дел од стажирањето да го поминат во ковид центрите, информира денеска министерот за здравство Венко Филипче. Одговарајќи на новинарско прашања дали поради тоа што 300 здравствени работници се зaразени со коронавирусот во третманот на пациентите ќе се вклучат и медицински лица од Apмијата Филипче рече дека засега нема потреба од тоа затоа што има доволен број лекари кои работат според системот на ротација. Министерот Филипче рече дека веќе разговарал со директорката на средното медицинско учииште и оти во наредните денови ќе се знае дали ќе може да се смета на помошта од новите медицински сестри.

-Во текот на вчерашниот ден имав средба со директорката на Средното медицинско училиште за да видиме дали може дел од стажот на медицинските сестри од последната, четвртата годиа, да се помине во ковид центрите. Има некои административни работи кои денеска и во текот на вчерашниот ден ги разгледуваме и мислам дека во следните денови ќе знаеме дали можеме да сметаме на оваа бројка медицински сестри кои веќе имаат искуство со практичен дел од претходните години, изјави Филипче. Многу често, како што дополни, и тие имаат проблем со спроведување на праксата затоа што сите доктори практично се целосно мобилизирани во лекувањето на пациентите со Ковид. Верувам дека ќе најдеме решение, рече Филипче кој со министерката за одбрана Радмила Шекеринска присуствуваше на предавањето на вoeно-сaнитетските возила на Брзата помош.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This