ВО НОРМАЛНА ДРЖАВА, ПРВАТА ДЕСТИНАЦИЈА БИ БИЛА ВО ШУТКА: Рамадани и Пендаровски, се соочуват со затворска казна поради ширење на страв во државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По изјавите со заканувачки тон, упатени кон граѓаните кои планираат да го бојкотираат референдумот за промена на името, и старата иста приказна дека Албанците ќе ја поделат Македонија доколку не го смениме името и не влеземе во ЕУ и НАТО, изјави на Пендаровски и Рамадани, правните експерти тврдат дека на овие двајца им се заканува долгогодишна затворска казна поради ширење на страв.

Имено се работи за Стево Пендаровски, Национален координатор за НАТО во владата на СДСМ како и Исмет Рамадани, советник во владата на Зоран Заев. Тие овие изјави во кои му се заканија на македонскиот народ со поделба на државата ги упатија речиси координирано, но правниците сметаат дека поради ваквите изјави се соочуваат со долгогодишни казни затвор за ширење чувство на несигурност, страв и паника кај населението.

Истрагата може да биде базирана на допрен глас во Јавното Обвинителство, кој евентуално би ги навел изјавите на Пендаровски и Рамадани кои предвидуваат апокалиптични сценарија и можен меѓуетнички и регионален конфликт во Македонија, доколку пропадне референдумот за промена на името на Македонија.

Изјавите на Пендаровски и Рамадани се санкционирани според два члена на Кривичниот законик на РМ, Член 313 и Член 386. Во нивните случаи има и отежнителни околности поради нивниот пристап до доверливи информации. За иронијата да биде уште поголема Рамадани и Пендаровски ги прекршија токму членовите поради кои се гонат учесниците во настаните на 27 април, меѓу кои е и Богдан Илиевски, Дурловски, Јовановски и Дамовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This