April 19, 2024, 10:22 am

Во овој град сите клучеви за автомобили одеднaш престанале да работат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Клучевите за автомобили работеле на другите места, но во Северен Олмстед едноставно престанувале да работат.

Една загатка ги натерала жителите на Северен Олмстед во Охајо да размислуваат. Мистеријата конечно е решена, но после повеќе неделното размислување на луѓето за тоа што не е во ред со нивните клучеви за авомобил и зошто не можат да го отклучат нивниот автомобил и гаражите.

Жителите на овој град, кон крајот на месец април откриле дека клучевите од нивните автомобили или гаражите повеќе не работат или пак работат ама чудно.

Доколку едно копче на клучот работело, другото не работело, а во некои случаи работеле нормално – но на некои други места. А пак кога возачот со својот автомобил ќе се врател во Северен Олмстед, клучот повторно престанувал да работи.

Кори Бранквик, мислела дека батеријата и е при крај, па ја заменила, но открила дека проблемот не исчезнал кога својот автомобил го паркирала во нејзиниот двор.

„Секаде, кога одам на работа или кога сум во продавница, клучот работи“ – изјавила таа.

Додека повеќето жители го пријавиле овој проблем, никој не знаел во што е всушност проблемот. Некои овој проблем го поврзале со тоа што во близина се наоѓа меѓународниот аеродром, додека пак за други виновникот била НАСА.

Локалните службеници сметале дека проблемот настанал во телекомуникациите или пак провајдерите кои ги пратиле своите екипи на терен. Сепак се утврдило дека проблемот го прави еден мал уред.

Како што открила истрагата, виновникот е малиот уред „за дом“ кој го направил млад ентузијаст што е многу заинтересиран за електроника.

Дизајнирал специјален геџет кој требало да му покажува дали некој се наоѓа на спратот во куќата додека тој работи во подрумот.

„Фасциниран е од електрониката. Никако не беше злонамерен“ – рекол локалниот службеник Крис Глесбурн.

Тој уред му пречел на радио сигналот за радио уредите кои се инсталирани во вратите на автомобилите или вратите од гаражите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This