ВО ОХРИД ЌЕ СЕ ОДРЖАТ ИЗБОРИ: По ненадејната cмpт на охридскиот градоначалник, во општината ќе се одржат нови избори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ненадејната cмpт на градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски покренува процедура што ќе мора да биде спроведена за непречено функционирање на локалната власт.

Согласно законските одредби, во случај на cмpт на актуелниот градоначалник, Советот на општината формално треба да да го констатира престанокот на мандатот, а член на Советот кој ќе го заменува градоначалникот во рок од 15 дена од денот на настапувањето на причината за престанок на мандатот е должен за тоа да го извести ресорното Министерство за локална самоуправа.

Министерството во рок од 15 дена од денот на приемот на известувањето ја известува Владата која во рок од еден месец од денот на приемот на известувањето констатира дека настапил прекин на мандатот и истовремено иницира постапка за распишување нови избори за градоначалник, согласно законот.

Советот, во рок од 30 дена од денот на објавувањето на одлуката на Владата, ќе избере еден од членовите на Советот кој ќе ја врши должноста на градоначалникот за периодот до изборот на нов градоначалник, на начин на кој се избира претседателот на Советот. На членот на Советот му мирува функцијата советник за време на вршењето на должноста градоначалник.

Проблематичното во конкретната ситуација е што сите тие процедури треба да се спроведат во време пред истек на календарската година, кога вообичаено се гласа буџетот на Општината Охрид за 2019 година, така што постои потреба од брзо реагирање и агилност на институциите. Тука се во прашање и други општи и поединечни акти и документи што директно зависат од потписот на градоначалникот, а се неопходни за тековно функционирање на Локалната самоуправа и правните субјекти во градот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This