April 23, 2024, 10:41 pm

ВО ПЕТОК СЕ СЛАВАТ МЛАДЕНЦИ: Еве кои се обичаите за овој празник!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во петок, 22 март се слават Младенци, а за овој празник се врзани многу обичаи.

Младенци слават сопружниците во првата година од брак, оние кои се венчале после 22 март.

На овој ден, според обичаите, жените стануваат рано и месат колачиња за долг, среќен и сладок живот, а потоа им ги нудат на гостите. Празникот секогаш се паѓа во време на пост, така што и храната која се подготвува за тој ден мора да биде посна. Освен колачите, на Младенци се јаде мед, варена коприва и зелје за да се исчисти крвта.

На тој ден младенците во својот дом примаат гости, кои им донесуваат подароци. Тој ден младите домаќинки ги покажуваат своите уметности и знаење.

Младенци се посветени на спомените на страдањето на Светите четириесет војници кои во 230 година, за време на цар Ликиниј преминале во христијанството и покрај исклучителната забрана на царот.

Овој празник во црквениот календар е обележан со црни букви. Младенци е празник со многу обичаи во Македонскиот народ.

Посетувањето на младенците и донесувањето на подароците, е обичај од модерните денови, кој настанал во градот, но и секое село многу брзо го прифатило. Се смета дека на Младенци треба да дојдат сите оние кои биле на свадба, но во пракса сепак е поинаку. На Младенците тој ден на гости им доаѓа само најблиското семејство и пријатели.

Се верува дека „Какво е времето денес, такво ќе биде цела пролет“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This