Во поголeм број француски градови зaдолжитeлнo носење мacкa и на отворено

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Метрополата Лил, Туке, над седумдесет градови во Мајен воведоа задолжително носењето маска во некои делови од јавниот простор, со цел да се спречи повторување на епидемијата.

Наспроти разгорувањето на епидемијата во Франција, повеќе градови одлучија во соработка со префектурата задолжително носење на маска на отворено.

– Префектите со указ отсега ќе можат да го прошират задолжителното носење на маски и на јавните отворени места. Оваа одлука може да биде донесена локално, изјави министерот за здравство Оливие Веран.

Така во центарот на Биариц, ѕидините на Сан Мало, брегот на Лоара во Орлеан отсега е задолжително носењето на маска. Во Лил од полноќ, стана задолжително носењето на маска во зелените простори – парковите, пешачките зони, зоните ограничени на 20 километри на час, трговските центри, паркинзите.

– Ние со оваа мерка сакаме да избегнеме, пред се враќање на мерките на општа изолација, изјави Етјен Шампион директор на Агенцијата за здравје на Горна Франција.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This