Во Подгорица нeвpeмeтo „пoкocи“ стотици врапчиња и пак ја oбвиниja 5Г технологијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, односно од БиХ на север, до Грција на југ.

Црногорскиот сервис за борба против дезинформациите raskrinkavanje.me се зафати со феноменот на пласирање ширење дезинформации по невремето во Подгорица, главниот град на Црна Гора. Таму елементарната непогода меѓу вторникот и средата предизвика смрт на стотици врапчиња, во што можеле со свои очи вчераутро да се уверат жителите на Подгорица. Сепак, тоа не спречило корисниците на социјалните мрежи да тврдат дека врапчињата се убиени од зрачењето на 5Г антените, иако во Црна Гора оваа технологија во мобилната телефонија не е воведена.

Еден од постовите што се анализирани од raskrinkavanje.me гласи: „Подгорица 5Г мрежата е вклучена одамна!!! Репетитори на сите страни, тоа го зборувам последнава година, а Шимпанзата мислат дека сум луд. Дури сега ќе видите колку луѓе до есен ќе изумрат, исто како овие врапчиња кај Здравствен дом Блок 5“. Постот бил придружен со видеозапис поставен на Фејсбук-страницата „Подгорички времеплов“.

Утврдувајќи ги фактите, сервисот raskrinkavanje.me го изнесува и тврдењето на орнитологот Бојан Зековиќ од Центарот за заштита и проучување на птиците, кој за црногорскиот весник „Вијести“ потврдил дека невремето е причината за помор на малите птици. Статијата на „Вијести“ инаку одлично ја опишува ситуацијата со мртвите врапчиња.

Во поглед на дезинформациите дека 5Г мрежа има во Подгорица и дека таа ги покосила врапчињата, црногорскиот сервис за борба против дезинформациите потсетува оти тоа е невозможно поради едноставниот факт дека во Црна Гора не е воведена 5Г технологијата. Raskrinkavanje.me потсетува и на тоа дека Агенцијата за телекомуникации и поштенска дејност (ЕКИП) на Црна Гора, како и мобилните оператори, најавиле воведување 5Г мрежа дури во 2022 година.

Според сето тоа, тврдењата дека во Подгорица има 5Г мрежа и дека таа ги убила врапчињата, а не невремето, се невистина, заклучува сервисот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This