ВО ПОНЕДЕЛНИК ГОЛЕМО ОТВАРАЊЕ НА АЕРОДРОМ: Најголемиот аеродром во светот ќе се овори во понеделник во Турција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во понеделник во Истанбул свечено ќе биде отворен најголемиот аеродром во светот, кој е трет аеродром во овој турски град.

Аеродромот ќе го отвори турскиот претседател Реџеп Тајп Ердоган, на голема свеченост.

Аеродромот се наоѓа во округот Арнавуткој, 35 километри северно од Истамбул, поточно на европската страна на градот. Со завршувањето на првата од четирите фази од градбата, која е започната во 2014 година. Се предвидува аеродромот во оваа прва фаза да опслужи 90 милиони патници годишно. До 2030 година кога ќе биде завршена последната фаза од изградбатана аеродромот се очекува да може да го користат 150 милиони патници годишно. Колку за споредба, шестте аеродроми во Лондон годишно опслужуваат околу 150 милиони патници.

Аеродромот се простира на површина од 7 659 хектари, поточно околу 76 квадратни километри, ќе има 6 полетно-слетни патеки, а ќе се изгради и најголемиот безцарински трговски комплкс.

За изградба на овој огромен аеродром потрошени се 10,5 милијарди Евра.

 

Подготвил:

Борислав Стоилковиќ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This