March 29, 2024, 10:21 am

ВО ПОСЕТА НА ИТАЛИЈА: Пендаровски се сретна со претседателот на Долниот дом на Парламентот, Роберто Фико

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот, Стево Пендаровски, кој е во официјална посета на Република Италија, денеска се сретна и со Роберто Фико, претседател на Долниот дом на италијанскиот Парламент.

Двајцата соговорници оценија дека двете земји имаат одлични билатерални односи во повеќе области од взаемен интерес, кои се темелат на заедничка доверба и различни нивоа на институционално партнерство.

На средбата претседателот Пендаровски рече дека високо ја цени континуираната поддршка на италијанската Влада и на италијанскиот Парламент за нашиот пат кон евро-атлантските интеграции, заблагодарувајќи се за ратификацијата на Протоколот за пристапување во НАТО.

Претседателот Пендаровски, подвлекувајќи ја важноста за натамошно јакнење на меѓу-парламентарната соработка на билатерално ниво преку регионални форуми, додаде дека интензивирањето на соработката помеѓу парламентарните групи е важна алатка за зајакнување на севкупните билатерални односи помеѓу двете земји.

Во таа насока, беше истакната можноста за продлабочување на соработката и размена на искуства меѓу земјите-членки на формираната Група за пријателство во италијанскиот Парламент во која членуваат Италија, Северна Македонија, Косово и Босна и Херцеговина, стои во соопштението од кабинетот на Претседателот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This