ВО „ПРЕСПАВ“Е СОПРУГ НА УЛА: Каков сопруг е во приватниот живот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Третата сезона на серијата „Преспав“ ги сруши сите рекорди на гледаност и е омилена меѓу македонската публика.

Секој лик е посебен на свој начин и низ разни сцени се претставува самиот себе. Актерот Игор Ангелов децата го препознаваат како детективот Цветко од серијата „Пет плус“ или храбриот Џон Пиплфокс од истоимената претстава на Драмски, а возрасните – некои по ликови во претстави, а и по Коста, еден од главните ликови во серијата „Преспав.

Во „Преспав“ тој ја има улога на Коста односно сопруг на Ула (Тијана Дапчевиќ) и поранешен газда на пансионот.

На интересен и хумористичен начин се прикажени сите прилики и неприлики на кои ќе наиде Коста.

Од друга страна, во својот приватен живот, Игор е во брак со сопругата Ева со која има два сина Јаков и Андон.

Среќен сум што си имам свој простор и во театарот (си го најдов своето место во Драмскиот театар во Скопје и што ја работам работата што ја сакам) и во селото Бардовци, каде живеам во природа и мир со моето семејство, сопругата Ева и синовите Јаков и Андон. Тоа е нормално и природно. Она што го посакував како тинејџер сега го имам и го живеам. Нема филозофија. Едноставно ги правам работите што ги сакам. Отсекогаш сакав да обработувам земја, да имам бавча и лозје, да произведувам вино, ракија… да уживам во едноставните нешта, да бидам почесто надвор. Тоа е тоа. Можеби тоа дека актерот по автоматизам е боем е клише и јас сум надвор од тоа. Можеби тоа го правеа некои од постарата актерска генерација во државава и беа уникатни и успешни во тоа. Но, го тераа театарот и работеа и тоа што го сработеа во театарот и филмот остана како антологија. И затоа ги почитувам. Јас по природа не сум таков човек. Еве, во последниве пет години активно трчам полумаратони. Најдов убавина во тоа, затоа што ми помага и ме одмара. И од рекреативното трчање преминав на совладување полумаратони, не само кај нас, туку и во другите градови во регионов. Сега бев во Софија, трчав во Ријека, Загреб… Сакам да кажам дека кај мене нема поврзаност на актерството со боемство. Кога работам работам, кога уживам – уживам“ изјави актерот во интервју за „Факултети“

Деновиве заврши и третата сезона на „Преспав“, а дали ќе има четврта останува да видиме.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This