Во програмата на СДСМ нема ништо ново само препишани проекти кои не се исполнети во изминатите 3 години

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во денешната емисија „Еконмски факти“ на ТВ Алфа гостуваше претседателот на комисјата за економија при ВМРО – ДПМНЕ Дарко Лазаров кој кажа дека владата на СДСМ во изминатите 3 години не исполнила ништо од ветеното во делот на економијата и дека програмата која ја презентираат не нуди ништо ново освен препишани проекти кои не се реализирани.

– Нивната програма за овие парламентарни избори е дополнително препишување на тие ветувања кои што не ги исполнија во минатиот период како ветувањето за 0 % персонален доход за ИТ индустријата. Да ги потсетиме граѓаните дека во 2016 имаа ветување за намалување на персоналниот данок на 5 %. Сега ако вие не сте успеале во 3 години да го намалите тој данок на 5 % односно да го исполните тоа ветување кој е кредибилитетот да ветувате дека во наредниот период ќе го намалите на 0 % истакна Лазаров.

Тој дополни дека главните карактеристики на владата на СДСМ е неисполнување на голем број на ветувања како што се и реализација на капитални инвестиции, изградба на инфраструктура, железници и автопатишта и многу други проекти кои што во реалноста не се реализирани .

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This