Во продажба билетите за Европското првенство во ракомет, ова се цените

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Машката репрезентација ќе игра против Словенија, Црна Гора и Данска на Европското првенство во Унгарија и Словачка следната година. Македонија се најде во групата А, што ќе се игра во вториот по големина унгарски град – Дебрецен, односно во „Феникс Арена“.

Билети за натпреварите во Будимпешта, Кошице и Братислава веќе се во продажба, а од денеска ќе стартува продажбата и на оние во Дебрецен и Сегед.

Дневен билет (кој ги вклучува двата меча) може да се купи за 14 евра од четвртата категорија, додека оној од првата категорија чини 33 евра. Групен билет (кој ги вклучува шесте меча од групата) може да се купи за 37 евра од четвртата катеогрија, додека оној од првата категорија чини 89 евра. Достапни се и ВИП билети – дневен 89 евра, додека групниот чини 247 евра.

Продажбата на билети ќе се одвива преку „Евентим“, а доколку саката да купите тоа може да го сторите на следниот ЛИНК.

Унгарските власти од оваа недела дозволија публиката да се врати на трибините во домашниот шампионат, па доколку ситуацијата со коронавирусот не тргне на полошо, реално е да се очекуваат навивачи следниот јануари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This