ВО РУСИЈА ГОДИШНО ПО 5 НОВИ МИЛИЈАРДЕРИ: Колку милијардери има во Русија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Според годишниот извештај на банката Credit Suisse, во Русија бројот на милијардери во долари порасна за пет од минатата година и сега ги има 74 милијардери.

Според последниот извештај, 10 отсто од најбогатите жители поседуваат 82 отсто од богатството во Русија. Во Русија постои поголема концентрација на богатството помеѓу најбогатите отколку што тоа е случај во САД.

Богатството на домаќинствата во Русија се зголеми во текот на првите години од 21 век. Помеѓу 2000 и 2007 година богатството по возрасна личност е зголемено за 8 пати, стои во документот.

Во март претседателот Путин одреди дека главна цел на неговиот четврти мандат, од 2018 до 2025 година, ќе биде годишен пораст на економијата од 4 отсто и за два пати помала стапка на сиромаштија.

Иако стапката на сиромаштија од 29 отсто во 2000 година падна на 10,7 отсто во 2012 година, според руската агенција Ростат, таа во 2016 година пораснала за 13,5 отсто.

Состојбата е посебно критична во провинциите, каде платите и пензиите се едвај доволни за преживување.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This