ВО САД НАЈСТУДЕНО ВО ПОСЛЕДНИТЕ 25 ГОДИНИ: Температури до минус 53 степени!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Делови на САД до крајот на неделава ќе бидат зафатени со многу ниски температури кои ќе се спуштат и до минус 53 степени, предупредуваат метеоролозите.

Најстудено ќе биде денеска, а Чикаго ќе биде постуден и од Антарктикот, јави Би-Би-Си, додавајќи дека толку ниски температури се случуваат еднаш во 25 години.

Исклучително ниски температури ќе почувствуваат најмалку 55 милиони луѓе.

Вонредна состојба е прогласена во Висконсин, Мичиген, Илиноис, Алабама и Мисисипи, а властите во Ајова ги предупредија граѓаните додека престојуваат на отворено да не вдишуват длабоко и да не зборуваат многу.

Во северозападиот дел на САД се затворени илјадници училишта.

Американскиот метеоролошки завод објави дека и само 10 минути престој на толку студено време би можело да доведе до сериозни смрзнаници.

По овој повод се огласи и американскиот претседател Доналд Трамп кој на Твитер напиша дека на „преубавиот Среден запад“, температурите достигнуваат и до минус 60 степени и оти луѓето не можат да издржат надвор ниту неколку минути.

„Што по ѓаволите, се случи со глобалното затоплување? Те молам врати се брзо, ни требаш!“, напиша Трамп на Твитер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This