ВО СДСМ ВРИЕ:Стево Пендаровски бара кандидатура или ќе формирал нова партија контра СДСМ?!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Полемика и кавги во медиумскиот камп на СДСМ околу тоа кој да биде претседателски кандидат на таа партија, а најактивни во кавгите се медиумите блиски до фондацијата Сорос, односно до Радмила Шекеринска која врши сопствена себепромоција а, во најлош случај, кандидат никако да не биде првиот соработник на премиерот Заев – министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Бидејќи Шекеринска на анкетите за можен кандидат стои најлошо, далеку зад другите, алтернатива на нејзиното лоби е Стево Пендаровски. Но, другата страна од партискиот медиумски камп на партијата лобира за Стево Пендаровски кој е прв на партиските анкети, пред Оливер Спасовски и Никола Димитров. Затоа, еден од весниците од медиумскиот камп на СДСМ деновиве излезе со “проверена“ партиска информација дека кандидат ќе биде Никола Димитров, а Стево Пендаровски иден министер за одбрана, додека Шеќеринска би змаинала на местото министер за надворешни работи.

Стево Пендаровски, според “проверени“ информации на еден пропартиски портал доставил премолчан ултиматум до лидерот на СДСМ Зоран Заев: или претседателска кандидатура онака како што му било ветено пред неколку години лично од Заев, или Стево Пендаровски во иднина имал намера својот висок рејтинг во базата на СДСМ и кај неопределените да го ефектуира преку атак на лидерската позиција на Заев во СДСМ или покренување нова партија како еден вид пандан на она што сега е СИРИЗА во Грција.

Пендаровски коментирал дека во СДСМ треба да се цени фактот што кога тој се пријавил да се трка за претседател во 2014-та кои патем убедливо ги загуби од Ѓорѓе Иванов сите бегале од него, но според Пендаровски сега се сменети околностите.

Заев, според тој партиски портал, бил свесен за опасноста Пендаровски да откине голем дел од гласачите на СДСМ ако формира своја партија па бил веќе решен да го кандидира Стево Пендаровски кој убедливо водел на анкетите. Стево Пендаровски, инаку, во политиката од својата појава до денес важи за избор на својот ментор Бранко Црвенковски и никогаш не успеал во СДСМ да обезбеди респективна улога, иако во политиката е скоро дваесет години. За потсетување, при изборот за нов претседател на СДСМ, кога на тоа место беше избран Зоран Заев, Црвенковски даваше изјави дека најдобар избор за негов наследник на чело на СДСМ би бил – Стево Пендаровски.

Оваа “проверена“ информација на пропартискиот портал со ставот на Пендарвски: или јас кандидат или правам паралелна партија секако треба да се земе со резерва, пред се затоа што Стево Пендаровски не е човек од иницијатива и тешко дека би собрал луѓе и за оснивачки конгрес на некоја нова партија, а уште помлаку за нејзина понатамошна организација и секојдневна работа на терен.

Со кандидатурата Стево Пендаровски ќе се соочи и со потестување на серија негови јавни анстапи во кои тврди “дека гласачите се овци и стока“ а и полоши од ова.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This