ВО СДСМ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА СЛАВЕЊЕ ПРЕД ДА СЕ ПРЕБРОЕНИ ГЛАСОВИТЕ: Во СДСМ нарачаа кетеринг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Цензусот е исполнет. Изборите се успешни. Според последните податоци од ДИК, до 18.30 часот на гласање излегле 44,55 проценти од граѓаните со право на глас. Во СДСМ велат „Стево Пендаровски води“. Државната изборна комисија ги пребројува гласовите, а во штабовите на двете партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ како веќе да е познат резултатот.

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски уште во 17.30 часот пристигна во централата на СДСМ. Таму се и функцинерите од врвот на партијата – Дамјан Манчевски, Радмила Шеќеринска, Петре Шилегов и луѓето кои се дел од тимот на Пендаровски. Засега се уште никој од нив не се симнува во прес центарот, сите се наоѓаат на горниот кат во зградата.

Закуските се носат на горните катови каде што се наоѓа раководството на партијата.

фОТО: ИРЛ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This