ВО СДС ВЛАДЕЕ СТРАВ: Стравот на СДС од Груески е сè поголем, народот ја препознава посветеноста на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Стравот на СДС од Никола Груевски е се поголем од ден на ден. СДС е во паника и грч со секое појавување на Никола Груевски и ВМРО –ДПМНЕ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ во врска со соопштението на СДСМ.

Оттаму велат дека СДСМ со секој ден, со секој час од нивното работење, ја покажуваат, како што се вели во реакцијата, нивната  некадарност и неспособност за водење на државата.

-Народот ја препознава посветеноста на градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ,поради проектите кои ги  реализираа во општините со кои управуваа. Поради отчетноста во работењето и многу бројните проекти кои ги сработија во општините ,ВМРО-ДПМНЕ  ќе биде сигурен победник на претстојните локални избори, се вели во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека разликата помеѓу Никола Груевски и Зоран Заев, разликата помеѓу градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и оние на СДСМ е  повеќе од  очигледна и додаваат оти токму поради таа разлика граѓаните ќе гласаат на 15-ти октомври за ВМРО-ДПМНЕ, за реални мерки и проекти, а не за празни ветувања и антидржавни политики.

5 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This